ЛАНЕ ГУТОВИЌ “Не беше коректно да повраќам пред публиката“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ во понеделникот колабираше среде претставата “Обична вечер“, па заврши во Ургентен центар.

-Се е во ред, беше моментална криза. Ми беше лошо, па да не повратам на сцената побарав преставата да биде прекината и отидов на лекар кој дијагносицираше дека се работи за обична мачнина. Навистина не беше коректно да повраќам пред публиката-  изјави Лане Готовиќ за блиц.рс

Неговиот менаџер Ѓорѓе Милутиновиќ опиша што точно се случило.

-По пет, шест минути откако почна претставата Лане се пожали дека не му е добро, дека му се мати пред очите и слезе од сцената. Претставата се прекина, а тој замина на лекар. Некој вели дека тоа му е од високиот притисок, некој дека од жештината во салата, а некој дека му паднал шеќерот.

Инаку, Милан Лане Гутовиќ е најпознат по улогата на Шојиќ во филмот “Тесна кожа“.

останати вести