Лазаров: Не сакам да се правдам, но кога ќе досудат 12 пенали против вас…

by Тони Зографски

Македонија го доживеа првиот пораз на Светското првенство откако загуби од Холандија со 37-32. Холанѓаните шутнаа дури 12 пенали, нашите добија два црвени картони, а имавме и многу исклучувања.

Селекторот Кире Лазаров е разочаран од случувањата на теренот на мечот со Холандија, вели дека тоа било се само не и натпревар од Светско првенство.

„Уште вчера кажав дека не очекува една тешка борба иако знае да не понесе еуфорија, добро знаев што не чека. Сепак, очекував и позитивен резултат затоа што требаше да ги искористиме нашите навивачи и целата атмосфера, како и самодовербата на ракометарите, но не секогаш е иста пресметката. Секој натпревар е различен и овој денеска излезе од целосна контрола, личеше на се, но не натпревар од едно Светско првенство“, рече Кире Лазаров.

„Колку и да не сакам да зборам и да се правдам поради нешто кога имате 12 пенали, колку и да биле добри да дојдат до тие пенали, 12 пенали еден тим да има и да имаме толкав број на исклучување ,тешко е како тренер да го водите тимот. Ние речиси 20 минути бевме со играч помалку и од нивната игра е тешко да се браниш, уште повеќе кога сте со играч помалку. Треба да напаѓаш и ако не постигнеш гол, веднаш примаш, а и дададе веднаш го враќаат. Тоа беше и некоја стратегија да бидеме со играч повеќе, им кажав на момците дека треба да играме цврсто и да се бориме, по цена и да имаме што помалку исклучувања. Нивните полуконтри и брзи центри се неодбранливи“.

Македонија следниот меч го игра против Гвинеја во недела од 18 часот, со победа одиме во следната фаза на Светското првенство.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com