786
Крвава драма се случила синоќа во село во близина на босанското гратче Фоча, каде човек, кој според медиумите е душевно болен, убил десетгодишно дете, по што зел заложник во селото и се забарикадирал во куќа, од каде пукал и фрлал бомби кон полицијата.
Според медиумите, тој до последен момент одбивал да се предаде, а откако бил лоциран во објектот на шумското претпријатие во Маглиќ, бил опколен и повикан да се предаде, тој се обидел да активира рачна бомба. Потоа, според полицискиот речник, тој бил неутрализиран.
Босанскиот портал „Кликс.ба“ објави дека се работи за лице со психички проблеми од селото Заваит кај Фоча, кој по убиството зел како заложник постар човек за да не дозволи полицијата да му пријде.
