КРАЈ НА ДРАМАТА ВО ТАЈЛАНД: Убиен војникот кој застрела најмалку 20 лица (ФОТО)

by Тони Зографски

Тајландските специјални сили го убија војникот Џакрапант Тома (32) кој изврши масакр во градот Корат, убивајќи најмалку 20 и ранувајќи 42 лице, објави тајландската полиција. Тој е застрелан откако 17 часа држеше заложници во шопинг центарот “Терминал 21“.

Тома во саботат прво уби двајца офицери во еден воен камп, па украде оружје, а потоа пукаше на минувачите на улица и во трговскиот центар.

Инаку, војникот Џакрапант Тома  го пренесуваше нападот во живо на Фејсбук и направи селфи додека држи пушка. На една снимка се гледа како војник со шлем и униформа велејќи дека е „толку уморен од пукање на луѓе што веќе не може да го помрдне прстот”.

-Не знаеме зошто тоа го направи. Најверојатно полуде – изјави портпаролот на минстерството за одбрана Кунгчип Тантраванит.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com