Кратка фризура и огромни очила за сонце: Деми Мур е непрепознатливана ревијата на „Гучи“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Со своето појавување на ревија на „Гучи“ за време на Миланската модна недела, Деми Мур стана главна тема на разговор и тоа поради значителната трансформација.

На првото големо шоу на новиот креативен директор Демна Гвасалија за сезоната есен/зима 2026, актерката се појавила со кратка боб фризура, која во комбинација со предимензионирани очила направи за многумина таа да биде речиси непрепознатлива.

Со избраната модна комбинација актерката потсетила на модните трендови од раните 2000-ти. Се појавила во целосно црна комбинација – тесна мото кожена јакна и ултра-тесни кожени панталони.

Со оваа комбинација разбудила спомени на култните Гучи аутфити што некогаш ги носеле Викторија и Дејвид Бекам. Комбинацијата ја надополнила со црни салонки, мала чанта, очила со остри рамки и боб фризура со „вет лук“ (wet-look) ефект.

Мур на ревијата пристигнала со своето мало куче Пилафо, кое го држела во скут додека седела и се фотографирала на црвениот тепих. На настанот се сретнала и со Донатела Версаче.

Првата ревија на Демна го носела називот „Primavera“ и го означува почетокот на нова креативна ера за еден од најпознатите луксузни модни брендови, откако тој во јули 2025 година ја презеде позицијата креативен директор и ја замени претходната естетика.

останати вести