КОЈ ИМА НАЈУБАВИ НОЗЕ НА СВЕТОТ?: Згодната глумица на врвот на листата (ФОТО)

by Тони Зографски

Актерката Мишел Киган има најсовршени нозе на светот, по т.н. златен пресек, пренесува „The Sun“.

Студијата на психолозите од Универзитетот во Ливерпул и Универзитетскиот колеџ во Лондон открила дека идеалната должина на нозете е 1,4 пати поголема од горниот дел од телото. Мишел Киган може да се пофали со идеалната разлика во должината на нозете и торзото.

На листата жени од светот на шоубизнисот која исто така има совршени нозе според научните критериуми се нашла и Кајли Миног.

Иако е ниска, оваа 53-годишна пејачка има неверојатно долги нозе, дури подолги од совршените пропорции.

На третото место е Викторија Бекам чии нозе како што е случај со Кајли, се малку подолги од идеалната должина во однос на нејзината висина.

На четвртата позиција се најде Рита Ора на која и тоа како ѝ се исплатиле интервенциите да изгледа привлечно. Освен помошта за нега на убавина, Рита вредно и напорно тренира за да изгледа прекрасно.

На листата сопственици на идеални нозе се најде и Никол Кидман (53). Во однос на висината, нејзините нозе не се најдолги – Кајли Миног ја надмина, но затоа никој не може да оспори дека Никол изгледа прекрасно.

Алиша Диксон не е срамежлива кога станува збор за покажување на физичките атрибути, а поради тоа што има речиси совршени нозе не постои ниту причина поради која би го криела тоа. Своевремено таа ја понела и титулата на сопственичка на најубавите нозе во Велика Британија.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com