Кој е милијардерот за кој се верува дека е новиот дечко на Анџелина Џоли? (ФОТО)

by Тони Зографски

Анџелина Џоли моментално е во центарот на медиумското внимание, бидејќи американските медиуми пишуваат дека започнала врска со милијардерот и наследник на финансиската империја Дејвид Мајер де Ротшилд.

Британецот Дејвид Мајер де Ротшилд е член на семејството Ротшилд и најмлад од трите деца на Викторија Лу Шот и Сер Евелин де Ротшилд од Англија.

Anđelina Džoli, Dejvid Mejer de Rotšild

Неговото средно име „Мајер“ е земено од името на основачот на банкарското царство на семејството Ротшилд, Мајер Амшел Ротшилд.

Тој е најмлад наследник на банкарското богатство на своето семејство – де Ротшилд, роден во 1978 година во Лондон, во Англија.

Anđelina Džoli

Неговата мајка била Американка, ќерка на Марисеј Лу и инвеститорот Луис М. Шот.

Како тинејџер, де Ротшилд бил најдобро рангиран скокач во скок со коњи во британскиот јуниорски тим. Подоцна се откажал од спортот за да продолжи да се образува.

Дејвид Мајер де Ротшилд завршил Оксфорд Брукс и добил диплома на политички науки и информациски системи. Во 2002 година се запишал на други студии во Лондон каде се стекнал со дипломата за природна медицина.

На 20 години де Ротшилд започнал свој сопствен бизнис во областа на музиката којшто подоцна го продал и купил органска фарма на Нов Зеланд. Потоа бил повикан да учествува во поларна експедиција. Ова искуство го претворило во екоавантурист.

Anđelina Džoli, Dejvid Mejer de Rotšild

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com