“КОЈ ДЕН Е ДЕНЕС?“: Момче во дрес на Фенербахче извлечено од урнатините после 119 часа (ФОТО)

by Тони Зографски

Момче по име Камилчан Агдаш (16) е извлечено од урнатините по 119 часа. Без потешки повреди е однесен во болница на прегледи, а многумина при неговото спасување забележале дека носи дрес на Фенербахче.

По извлекувањето првото нешто за што прашал е:

„Кој ден е денес?, но навел и дека заспал во дресот на омилениот клуб затоа што таа вечер гледал натпревар, пренесува Хуријет.

По тој повод на социјалните мрежи се огласи и клубот од Истанбул.

„Во 119. час повторно сме во солзи, уште еднаш веруваме во чуда! Имаме уште многу натпревари пред нас, те чекаме Камилчан“, изјавиле од Фенер.

останати вести