КОМШИИТЕ ЗА ПОЗНАТИОТ ПАР ЈОКСИМОВИЌ: “Па Жељко е само пејач, не е Никола Тесла“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Јована и Жељко Јоксимовиќ неодамна се преселија во елитниот дел на Белград. Како живеа оваа позната двојка открија нивните комшии:

– Жељко го гледам секое утро, точен е како швајцарски часовник. Вози некоја скапа кола и секогаше е среден. Со него сеуште не успеав да се запознаам, но се Јован веќе разговаравме – вели за курир рс извесна Јованка и додава:

-Јована е многу пријатна личност. Кога е дома секогаш си игра со децата во дворот. Тогаш е во опуштено издание, со собрана коса, нема шминка и многу е природна. Во живо е уште поубава, – раскажува комшиката која открива дека познатиот пар куќата ја купил од Горан Кариќ.

Интересно е што друг пак комшија неможе да поверува дека околу нив се крева толку прав.

-Зошто ви се тие толку важни? Па тој е само пејач. а таа водителка. Па не е тој Никола Тесла – бесно изјавил овој комшија кој не е среќен што живее до популарната двојка.

Друга пак баба која продава на пазарот вели дека никогаш не ја видела Јован да пазари, и според неа, таа има куќни помошнички кои купуваат за неа на пазарот.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com