КОКИ ЗА НОВИОТ БРАК: Немаше свадба, тоа беше роденденот на Маја (ФОТО)

by Тони Зографски

По разводот со портпаролката на АМСМ, Росана Петревска виолинистот Николчо Јанков- Коки веќе неколку месеци е во брак со скопската адвокатка Маја.

Музичарот за Женски магазин изјави дека не се оженил тајно и дека не правел свадба.

„Маја и јас сме во брак веќе извесно време. Немаше свадба, само склучивме граѓански брак. Забавата за која многумина мислеа дека е свадба, не е никаква венчавка, и нема зошто било што да криеме. Таа славеше роденден, забавата беше по тој повод. Траеше од 21 часот до полноќ, и која е логиката да правам свадба која трае само три часа, и зошто би била тајна“, изјави Коки.

 

останати вести