“Кога на 19 јануари ќе ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се “бањаме”: Д-р Беќаровски до сите кои се причестија со едно лажиче

by Тони Зографски

“Сите Вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте, напиша на својот Фејсбук профил доктор Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија, по вчерашното пречестување од иста лажичка, Соборниот храм.

-Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се “бањаме” за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите.

П.С. Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин, напиша Беќаровски.

останати вести