КЛАВИЈАТУРИСТ МУ ГО КРАДЕ БАКШИШОТ НА САША МАТИЌ (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На заеднички настап со клавијатурист, на еден од најпознатите српски фолк пејачи, Саша Матиќ, неговиот колега му го краде бакшишот. Ова се гледа на снимката која се рашири на социјалните мрежи. Иако сè се случува многу брзо, јасно се гледа постапката на музичарот кој го користи хендикепот на пејачот. Поради ова видеото предизвика лавина лоши коментари и ја згрози јавноста.

Особено внимание предизвика фактот што инцидентот се случува пред самиот пејач, кој поради слепилото не може да забележи што се случува.

Во видеото кое кружи на Тик-Ток, клавијатуристот посегнува и ги зема парите што претходно му биле оставени како бакшиш на пејачот.

останати вести