КИНЕСКА ПОМОШ: 50.000 заштитни маски од кинескиот град Нанчанг за Скопје

by Тони Зографски

Кинескиот град Нанчанг испрати 50.000 заштитни маски како помош за Град Скопје.

-Денес, Град Скопје, од збратимениот град Нанчанг од НР Кина, во амбасадата на Република Северна Македонија, прими донација од 50.000 заштитни маски.

Благодарност до збратимениот град Нанчанг и народот на НР Кина, за помошта, дадена во овие критични моменти.

Во наредните денови, очекуваме дека оваа помош ќе стаса во Скопје и ќе биде дадена на располагање на надлежните градски и државни институции – се вели во соопштението на Град Скопје.

останати вести