Ким Кардашијан се соочува со жестоки критики откако нејзината 12-годишна ќерка се појави облечена во корсет.
44-годишната риалити ѕвезда предизвика лавина коментари откако беше фотографирана со Норт Вест на семеен одмор во Рим. Норт носеше смела комбинација, која вклучуваше црн корсет, мини здолниште со чипка и чизми на висока платформа.
На социјалните мрежи, многумина ја осудија Ким со коментари како: „Многу непристојно, Ким. Таа има 12 години“, „Не сум фан на деколте на 12-годишно дете“, „Дали е тоа деколте на 12-годишничка?“, „Ова е неприфатливо“…