Кикс на обезбедувањето на Кети Пери, фан се качи на бината и… (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Светската музичка ѕвезда, пејачката Кети Пери доживеа непријатна ситуација за време на концертот во Сиднеј. 

За време на изведбата на хитот „Hot N Cold“, еден обожавател одеднаш скокнал на сцената и ја прегрнал пејачката, на што Пери брзо реагирала – таа се оддалечила од неговата прегратка, видливо шокирана.

Обезбедувањето изненадувачки веднаш не успеало на реагира.

Тој продолжил да скока по сцената и го изведе познатиот танц Фортнајт, додека малку подоцна двајца обезбедувачи успеале да го фатат и имале проблем да го симнат од бината.

Во видеото може да се види дека обезбедувањето тешко се справило на бината со возбудениот фан.Човекот се спротивставил и се обидува да им избега, отежнувајќи им ја работата, по што буквално обезбедувањето го фрла од сцената кон друг член на обезбедувањето.

https://twitter.com/i/status/1932128351428509876

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com