Кајли Џенер разголена за „Vanity Fair“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Кајли Џенер со провокативни фотографии привлекува погледи кон пролетното издание на списанието Vanity Fair.

За фотосесијата, 28-годишната ријалити ѕвезда и бизнисменка позираше разголена пред фотоапаратот на Мерт Алас, а на насловната страница се појави со цигара и провокативниот слоган „Kylie on top“.

Кајли Џенер

Во интервјуто, Кајли отворено зборуваше за приватниот живот, а откри и дека во иднина би сакала да има уште деца. 

„Во последните години од моите дваесетти, сакам да се посветам на себе, на моите бизниси, на работата, да патувам со моите деца и да уживам во времето со нив. А потоа… да, сакам да имам уште деца“ – изјави таа.

Кајли веќе е мајка на две деца, ќерката Сторми и синот Ер, од врската со раперот Тревис Скот.

Џенер се осврна и на врската со холивудскиот актер Тимоти Шаламе и на моментот кога тој јавно ѝ се заблагодари за поддршката во говорот на Critics’ Choice Awards, признавајќи дека било многу забавно да биде прозвана од сцената.

Кајли Џенер
Кајли Џенер
Кајли Џенер
Кајли Џенер
Кајли Џенер
Кајли Џенер

останати вести