Кардиолог предупредува: Овие грицки никогаш не ги консумирам, тие се најголем непријател на срцето

by Тони Зографски

Според мислењето на кардиологот д-р Џек Волфсон, грицките што се произведуваат во фабрики не се вистинска храна, полни се со преработени масла, рафиниран скроб, вештачки ароми и речиси воопшто немаат нутритивна вредност.

Како чипсот влијае на холестеролот, притисокот и крвните садови

Тој предупредил дека чипсот претставува особено штетен избор: заситените и оксидирани масти од рафинираните масла го зголемуваат нивото на лошиот холестерол, рафинираниот скроб брзо го покачува шеќерот во крвта, а прекумерниот внес на сол и адитиви го зголемува крвниот притисок и доведува до задржување течности; сето тоа ги оптоварува крвните садови и може да доведе до хронични кардиоваскуларни проблеми, пренесе „Parade“.

Студиите и експертите укажуваат дека редовната консумација на ултрапреработени грицки може да го зголеми ризикот од хипертензија, висок холестерол, дебелина и воспаленија, фактори што се клучни за здравјето на срцето.

Затоа кардиолозите советуваат, доколку навистина сакате да грицкате, бирајте поздрави алтернативи: јаткасти плодови, семки, свеж зеленчук, интегрални грицки со малку сол или целосно природни закуски.

Совет од кардиолог

„Ако редовно консумирате чипс и слично, ризикувате да наталожите штетни масти, адитиви и сол кои го оптоваруваат срцето“, истакнал д-р Волфсон.

Затоа е подобро понекогаш да не посегнете по кесичката, туку предност да им дадете на намирници кои даваат енергија, а не здравствени проблеми. Често малите промени, како премин од чипс на ореви, други јаткасти плодови или овошје, можат значително да го подобрат здравјето на срцето.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com