Калиопи и Ромео по три години повторно заедно (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Калиопи по три години повторно е со нејзиниот поранешен сопруг, Ромео Грил. Таа објави видео како го пречекува на Скопскиот аеродром, каде Ромео пристигна од Швајцарија. Потоа тие заедно во автомобил заминаа накај Скопје. Расположени и со насмевки поранешните сопружници не ја криеја радоста за повторната средба по три години

„Конечно! По три години, повторно обединување! Добредојде Ромео! Повторно донесе две скапоцени песни… Ајде да работиме!“ – напиша пејачката.

Инаку,  Ромео отиде во Швајцарија заедно со нивниот син Пако, тема за која пејачката речиси никогаш не сака да зборува. Калиопи беше во брак и со актерот Васил Зафирчев, за кого по разводот кажа дека се во одлични односи.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com