Како течеле разговорите за рекет на Боки 13-ка со бизнисмените

by Тони Зографски

Од она што досега е објавено  во предметот „Рекет” на списокот на рекетирани имало триесетина бизнисмени – објави мкд. мк

Според сведоци, сценариото на рекетирање започнувало со одење на Бојан Јовановски, односно, Боки 13-ка на состанок кај бизнисмени или нивни блиски или кај нивните бранители.

Разговорите оделе отприлика вака:

Б.Ј.: Добар ден. Како сте? Драго ми е што се запознавме. Ова е директорот на маркетинг на 1ТВ, Лазар Јанев, инаку син на Катица Јанева.

Бизнисмен: Добар ден. Благодарам, добро. Повелете.

Б.Ј.: Би сакале да ви ги презентираме можностите за рекламирање на нашата телевизија. Лазе ќе ви ги каже деталите.

Бизнисмен: Ама јас не сум заинтересиран за рекламирање. Сега сме во некоја транзиција, кратење на трошоците, па во некоја наредна прилика…

Б.Ј.: Ама вашето име се споменува во случајот…

Бизнисмен: Да, знам. Ама тука навистина има некое недоразбирање…

Б.Ј. врти на мобилен, го вклучува спикерфонот и: Здраво Катице. Како си? Еве тука сум кај…, па си мислев дека може да му помогнеме, нели.

Следувал потврден одговор од другата страна на линијата и разговорот се прекинувал.

Б.Ј.: Можеме да ви спремиме одреден проект за рекламирање на нашата телевизија. Да биде видлива пораката и тоа ќе чини…. (тука разни се информациите – од 500 илјади до два милиони евра за рекламирање).

Б.Ј.: Дел од парите ќе одат на фактура, ама поголем дел ќе мора во кеш, знаете како е, ќе мора да се помогнат и другите…

извор: мкд.мк

останати вести