Италијанец побегнал од карантин, па бил фатен на српско-црнoгорска граница

by Тони Зографски

Автобус на Ласта кој од Црна Гора патувал за Белград е запрен на границата со Црна Гора, на граничниот премин Шпиљани, а во него е откриен италијански државјанин кој претходно побегнал од карантин во Хрватска, дознава Танјуг.

Во склад со пропишаните мерки, државјанинот од Италија не е пуштен да влезе во Србија, а на останатите патници од тој автобус им се издадени решенија за домашен надор, односно изолација.

Автобусот е префрлен во Белград, каде превентивно ќе биде дезинфициран.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com