Канскиот филмски фестивал традиционално привлекува големо внимание секоја година, а бројни убавици се грижат тој секогаш да биде на високо ниво кога станува збор за модата.
Една од оние кои секогаш блескаат е руската убавица Ирина Шајк, која веќе импресионираше со своето модно издание на црвениот тепих во Кан.


Сепак, Ирина не запира тука, и таа покажа вистинска елеганција за време на престојот во хотелот, а папараците ја фатија како го напушта, доминирајќи во совршено бело одело.
Моделот избра гламурозна облека која се состоеше од тесно сако и прави панталони со малку подолги, развлечени ногавици. Ова одело имаше и сатенски детали на реверите, а вистинското уживање допрва доаѓаше…
Имено, Ирина немаше ништо под сакото, па сите очи веднаш беа вперени во неа.
Впечатливиот ѓердан го красеше целиот овој аутфит, но изборот на чевли повторно не им се допадна на многумина кога стануваше збор за овој модел.
Нејзиниот препознатлив леден поглед беше доволен за да го комплетира овој смел и елегантен изглед кој повторно стана главна тема на модните портали.