ИНЦИДЕНТ ВО БУТЕЛ: Со нож прободено 13-годишно момче

by Тони Зографски

Синоќа во Бутел кај Зегин физички била нападната група на мирни дечиња, а со нож во пределот на грбот е прободен 13-годишниот Никола од Бутел, обелоденува Дарко Костовски.

Според неговите информации, Никола сега е во стабилна состојба, но Костовски порачува:

“Јавно барам веднаш градоначанлникот Смилевски, командирот на полициската станица и сите останати надлежни да дадат се од себе и оваа група деликвенти и кукавици да се пронајде, да се истакнат нивните идентитети и веднаш да се преземат сите законски мерки. Во спротивно ќе следи голем протест со граѓанска непослушност. Овој случај мора веднаш да се реши!“, напиша Дарко Костовски на неговиот Фејсбук профил.

 

останати вести