“ИМАВ ТРОЈКА“: Размената на партнери и оргиите се составен дел од нивниот брак (ФОТО)

by Тони Зографски

Актерката Џејда Пинкет Смит од неодамна го прослави 51 роденден, додека оваа година го одбележа инцидентот на доделувањето на оскарите, а кој го предизвика нејзиниот сопруг Вил Смит.

Хаосот настана откако комичарот Крис Рок кажа шега на нејзина сметка, алудирајќи на нејзината ќелавост, а која е последица на автоимуната болест со која се бори актерката.

Вил веднаш реагираше сакајќи да ја заштити својата сопруга, до која отсекогаш стоеше покрај неверствата и скадалите кои му ги приредуваше.

Џејда и сама во една пригода призна дека го изневерила својот сопруг, додека пејачот Огаст Алсин рече дека имал врска со неа, а дозвола тоа имал од сопругот Вил Смит.

Парот се венча во 1997 година, а во бракот добија две деца, син и ќерка. Нивниот брак важеше за еден од најхармоничните, но фактот дека отворено признаа дека повремено менуваат партнери со другите парови, како и дека уживаат во оргиите ја шокира јавноста.

Во една пригода, Џејда раскажа дека не сакала да се омажи со Вил и дека на тоа ја присилила нејзината мајка.

“Бев под голем притисок, знаете, бев млада актерка, а бев трудна и едноставно не знаев што правам. Никогаш не сакав да бидам во брак, изјавила Џејда.

Актерката во емисијата Red table talk,раскажува за своите сексуални искуства, а она што го откри ја шокираше јавноста.

“Еднаш имав тројка. Бев многу, многу млада, во раните дваесетти, изјави Џејда.

Џејда раскажа дека никогаш не ѝ била доволна интимноста и дека станала зависна од порнографијата. Исто така, призна дека нејзината баба уште од десет години ја научила како да се самозадоволува.

За нејзиниот отворен однос со Вил рече дека се’ е природно, вклучувајќи го и сексот со другите, како и дека со нивниот брак се’ е во ред додека се прифаќаат еден од друг.

останати вести