ИКЕА наскоро влегува во Македонија?

by Тони Зографски

Шведскиот бредн ИКЕА е една од најголемите и најпознатите меѓународни компании со голема малопродажна мрежа за мебел. Во регионот ИКЕА е присутна во Грција, Бугарија, Србија, Хрватска…

Веќе неколку години се зборува за можноста ИКЕА да отвори своја продавница во Македонија.

Неодамна, веста за неговото доаѓање во Македонија ја потврди и новоформираната Шведско-Македонска стопанска комора. Извршниот директор на оваа комора, Самуел Наумовски Викиус, во разговор со медиуми во Скопјe потврди дека преговорите за влез на ИКЕА во Македонија се при крај, додавајќи дека има простор за нејзино работење во земјава. Идејата е поддржана и од шведскиот амбасадор во Македонија, додека нашата комора исто така работи на ова прашање, нагласува Наумовски Викиус, пишува Коха.

Шведскиот бренд ИКЕА е една од најголемите и најпознатите меѓународни компании со голема малопродажна мрежа за мебел. Во регионот ИКЕА е присутна во Грција, Бугарија, Србија, Хрватска…

Инвестицијата во Србија за стоковната куќа „Икеа – Белград Исток“ изнесуваше 70 милиони евра во продавница од 35.000 квадратни метри и повеќе од 400 нови работни мета. Во Хрватска во 2014 година вкупната инвестиција на овој шведски бренд изнесуваше околу 100 милиони евра, а првично вработи 350 вработени.

Во меѓувреме, грчката веб-страница на ИКЕА не е достапна надвор од Грција „од безбедносни причини“. Покрај грчката, бугарската веб-страница на ИКЕА (IKEA.bg) е исто така недостапна за оние кои физички не се во Бугарија. Во моментов, за македонските граѓани, достапни се само веб-страниците на ИКЕА во Србија (ikea.rs) и Хрватска (Ikea.hr).

останати вести