ИЗЕЛЕ И ИСПИЛЕ 170.000 ДОЛАРИ ЗА ЕДНА ВЕЧЕРА: Турскиот готвач се пофали со шокантата сметка

by Тони Зографски

На сметката било наведено дека вечерата е за14 лица. Некои од јадењата што биле нарачaни се следните: говедско карпачо, бифтек „златен Отоман“, бифтек „златен Истанбул“, „златна“ баклава итн. Гостите пиеле вино „Петрус“, коктели „Негрони“, коњак „Луј Тринаесетти“…

На твитер се појави заедничката слика, но и фотографија од самата сметка која се претпоставува дека е нивна.

„Колку ги плаќаш своите келнери? 15 долари од час?“, напишал некој корисник на Инстаграм.

„Тоа не е квалитет, тоа е поткрадување на луѓето. Цените се катастрофални“, додал друг.

„Тие не го плаќаат квалитетот на твојата храна туку сопствената глупавост“, гласи еден од револтираните коментари.

Според Салт Бае, “квалитетот никогаш не е скап“.

 

останати вести