Играч на Партизан уапсен на тренинг (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Неверојатни сцени, како од холивудските филмови, се случија на тренинг на српски Партизан. Членовите на жандармеријата и УКП упаднале во салата на ракометниот клуб, при што беше уапсен играч на „црно-белите“, па откако го срушиле на подот и му ставиле лисици на рацете.

По апсењето на осомничениот член на криминалниот клан Беливук во салата што ја користеше РК ​​Партизан во Белград, се огласи директорот на клубот, Александар Благојевиќ.

По апсењето на осомничениот член на криминалниот клан Беливук во салата што ја користеше РК ​​Партизан во Белград, се огласи директорот на клубот, Александар Благојевиќ.

Тој за порталот „Телеграф.рс“ изјави дека клубот е запознат со ова апсење и дека тој е играч од помладата категорија.

– Ние сме спортски клуб. Ние спортуваме, а во ракометната школа имаме повеќе од 500 играчи. Слушнав за апсењето и тој е играч кој е во нашата помлада категорија веќе десет години – изјавил Благојевиќ.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com