“И СО МИЕЊЕ НА КОСАТА ПРОТИВ КОРОНА“: Д-р Грујичиќ даде пет совети за борба со вирусот

by Тони Зографски

Директорката на Институтот за онкологија и радиологија од Србија, Даница Грујичиќ изјави дека сега е убедена дека вирусот корона е вештачки направен.

-Сепак, фактот дека вирусот е вештачки не значи дека не постои, -рече д-р Грујичиќ.

Таа исто така наведе пет совети за борба против овој вирус.

– Маски, капење, миење коса, хигиена на рацете, избегнување на собири. Ве молам, бидете трпеливи уште еден месец или два – рече д-р Грујичиќ на ТВ Прва.

Говорејќи за забавата што беше растурена во Белград и на која имало 500 луѓе, а за која на големо пишуваат српките медиуми, таа вели дека присутните на забавата треба да се срамат.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com