Згодната русокоса не се одвојува од Орландо Блум (ФОТО)

by Тони Зографски

Секоја година, Супербоул ја собира светската елита, а тие секогаш се обидуваат да им обезбедат на медиумите материјал за кој ќе пишуваат подолго време. Така Ким Кардашијан ги подгреа гласините за нејзината врска со Луис Хамилтон, а ниту Орландо Блум не губеше време.

Актерот релативно неодамна ја раскина деветгодишната врска со Кети Пери, која подоцна започна романса со поранешниот канадски премиер Џастин Трудо, додека пак сè уште не се знаеше ништо за тоа дали и Блум продолжил понатаму.

Сè додека не се одржа Супербоул, а Блум конечно не се појави со својата избраничка. Актерот бил фотографиран од папараците додека го напуштал стадионот во Санта Клара, држејќи се за раце со Луиза Хемел (28), модел од Швајцарија.

За оваа пригода, тој избрал да носи црна облека, за да биде што е можно понезабележлив, додека неговата партнерка била облечена во бели панталони и маица. Нема официјална потврда дека се во врска, но судејќи според фотографиите, сè е повеќе од јасно.

останати вести