Заменик министер повреден во сообраќајка

by Тони Зографски

Заменик-министерот за култура Владимир Лазовски доживеа сообраќајна несреќа со, пренесува МКД.мк.  Инцидентот се случил попладнево на крстосницата кај Собранието и Градската болница „Наум Охридски” во Скопје.

Се стекнал со полесни повреди и по прегледите во болница тој се вратил на местото каде полицијата врши увид. Според МВР, во сообраќајката учествувале мотор и возило пежо. Повеќе детали од таму најавија за подоцна.

Лазовски беше актер во Театарот за деца и млади, а често пати ги водеше протестите и другите настани кога беше СДСМ во опозиција, вклучувајќи го стартот на објавувањето на т.н. „бомби“ во Универзалната сала во Скопје.

останати вести