Поранешниот македонски премиер Зоран Заев побарал од министерката за надворешни работи на Koсово, Доника Гервала да го напушти неговиот кабинет откако таа на средбата рекла дека доколку Македонија не излезе од Отворениот Балкан, ќе си има работа со неа.
Според информациите, Заев, соочен со оваа необична ситуација, побарал од Гервала да го напушти кабинетот.
„Извинете госпоѓо, но ова викање е неподносливо во мојата канцеларија, од учтивост не можам да ве изнесам, инаку не можете да зборувате на овој начин и вака“, изјавил Заев.
После тоа Гервала ја напуштила канцеларијата/
Текстот за тој случај претходно вчера го објавија повеќе албански портали без притоа да прецизираат кога точно се случило.
Инаку, на почетокот на јануари 2022 година на функцијата премиер на Македонија беше избран Димитар Ковачевски, кој на таа функција го замени Зоран Заев, па очигледно исклучувањето на Гервала од кабинетот на македонскиот премиер се случила на крајот на минатата година.
Во написот објавен во неделата на 23 октомври во Албаниан пост, врз основа на изворите на медиумот, се врши „испитување“ на однесувањето на шефот на косовската дипломатија во однос на вработените во министерството, но и во нејзините патувања и официјални средби низ светот.