Задавен е рускиот научник кој работел на вакцината против корона

by Тони Зографски

Научник кој помогнал да се создаде руската вакцина против Ковид е убиен, јавуваат државните медиуми, а пренесува британски Скај њуз.

ТАСС јави дека Андреј Ботиков (47) вчера бил задавен со појас во неговиот стан во северозападна Москва.

Научникот работел за Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на вакцината Спутник V.

29-годишен маж се изјаснил за виновен за убиството, јави ТАСС. Новинската агенција соопшти дека истражителите веруваат дека убиството било извршено по домашен спор.

останати вести