ЗА ДА ПОКАЖЕ ДЕКА Е ЧИСТА: Индиски министер се напил вода од „светата река“, па завршил во болница (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Главниот министер на Пенџаб, Багвант Ман, испил вода од Кали Беин, света река во Султанпур Лоди, два дена пред да побара лекарска помош.

Тој беше примен во болница во Делхи претходно оваа недела поради болки во стомакот, пренесува India Express.

„Главниот министер на Пенџаб отворено пие чаша загадена вода од „светата река“ за да покаже дека водата е чиста. Сега е примен во болница“, пренесуваат медиумите

Кали Беин е исклучително важна река за религијата на индијските Сики. Инцидентот се случил на 22-годишнината од операцијата за чистење на реката започната во 2000 година, а министерот Ман демонстрираше пиење на вода од реката Кали Беин за да докаже дека акцијата за чистење на реката е успешна.

Пред неколку децении, канализацијата и индустрискиот отпад отворено течеа во Кали Беин, додека плевелот растеше на бреговите. Иако реката сега е многу почиста отколку во минатото , и сега не се препорачува пиење вода од неа.

останати вести