Жељко Самарџиќ: Мојата жена има друг маж

by Тони Зографски

Жељко Самарџиќ ќе одржи концерт во Скопје, на 16 февруари во ВИП Арената. Во Скопје, Самарџиќ ќе ги пее песните од новиот албум „Мила“, но и старите хитови.
Освен новиот албум, Самарџиќ има и нов имиџ. Тој последнава година носи брада и мустаќи и е речиси непрепознатлив. Жељко почна да носи и очила и подолга коса и неодамна за еден српски портал изјави дека на улица обожавателите не го препознаваат.


„Си помислив дека на мојата публика и здосадив ваков, па решив со новиот албум да ги изненадам и со нов имиџ.“, изјави тој.

„Мојата сопруга сега има друг маж“, се пошегувал Жељко за сопругата Маја со која е заедно 40 години. Имаат три ќерки, две внуки и еден внук.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com