Емили Ратајковски се појави закопчана до грло, но повторно привлече внимание (ФОТО)

by Тони Зографски

Емили Ратајковски пристигна на престижните награди за мода CFDA 2026 во Њујорк и нејзиното пристигнување не помина незабележано.

Познатата манекенка се појави во необична комбинација од портокалова и црна боја, што веднаш привлече внимание и ја издвои меѓу многуте познати гости, каде што и Брукс Надер имаше свои пет минути.

За оваа пригода, Емили избра впечатливо портокалово здолниште во комбинација со црн топ, целосно отстапувајќи од нејзиниот претходен стил.

Силниот контраст на целото издание му даде посебна динамика, додека необичниот спој на парчиња покажа дека манекенката не мора да посегнува по раскошен вечерен фустан за да привлече внимание на црвениот тепих. И не мора секогаш да ги открива градите, како што правеше порано.

Портокаловата боја, која е доволно доминантна сама по себе, беше во центарот нанејзиниот стил, наместо очекуваната елеганција во една боја, Емили избра комбинација што зрачи со самодоверба и модна смелост.

Манекенката со години е позната по тоа што ги поместува границите кога станува збор за облекување, без разлика дали е на црвениот тепих, на модни настани или на улиците на Њујорк.

Овојпат таа малку отстапи од нејзината препознатлива модна нота, а нејзиното појавување на еден од најважните модни настани во годината беше уште еден доказ дека не сака да игра на сигурно.

останати вести