Една од најубавите жени на светот, актерката и модел Елизабет Харли на своите следбеници на Инстаграм им ја откри тајната за совршена фотографија во бикини.
„Мојата тајна за ласкави фотографии во бикини?“ напиша таа во објава на Инстаграм покрај фотографија во бикини во боја на мента зелена.
Потоа дополнила –„Ако се сомневате, кренете ги рацете или легнете“.
Сексапилната Лиз на радост на фановите е многу активна на социјалните мрежи каде редовно објавува фотки во бикини.