ЕЛЕНА ВЕЛЕВСКА СЕ РАСПЛАКА ПРЕД КАМЕРА: „Ме исфрлија на улица, но не ми е проблем да почнам од нула“ (ВИДЕО)

by Тони Зографски

За фолк-пејачката Елена Велевска, минатата година беше доста бурна. Таа потврди дека се разведува од сопругот со кој ги има трите деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко. Елена во естрадниот магазин Бекстејџ истакна дека во 2021 година изгубила буквално сѐ, но останала силна и храбра. Иако го изгубила старателството над децата, сепак успеала да си го најде мирот откако се разделила од сопругот.

„Оној којшто е добар и хуман човек ќе остане и ќе биде таков, во случајов јас, ќе бидам пример и хумана жена, за моите деца, за луѓето за коишто им треба помош, и нема никого да исфрлам на улица како што бев јас исфрлена во градот во којшто стекнував сè, и направив 12 години. Не ми е верувајте тешко да почнам од почеток, бидејќи ми е најважно достоинството, луѓето коишто ме опкружуваат, коишто не гледаат од интерес од мене, и коишто ми помогнаа кога ми беше најтешко да станам на нозе и да бидам силна жена, да се борам, а во иднина и да останам пример за јавна личност.

Таа откри и како нејзините деца го прифаќаат тоа што се развела од сопругот

-Не постои цена која би ме вратила таму зошто многу ми е поубаво да живеам во мир, се расплака Елена и побара пауза од интервјуто.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com