ЕДНА ГОДИНА БЕЗ НИТУ ЕДЕН КОВИД СЛУЧАЈ: Жителите на овој остров гласаа против отворање за туристите (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Жителите на Велигденските острови, кои отсечени од светот повеќе од година и пол поради пандемијата на коронавирусот, на референдум гласаа против повторното отворање на границите за туристите, пишува ТРТ. 

Имало 649 гласови против отворањето на островот, а за биле 320, објави на социјалните мрежи локалната заедница Мау Хенуа, која раководи со националниот парк Рапа Нуи.  

На гласањето учествувале 972 лица – помалку од 20% од населението излегло на гласањето. Резултатот од гласањето не е обврзувачки и конечната одлука ќе ја донесат чилеанските здравствени власти.  

Островјаните немаат видено туристи од март 2020 година и од воведувањето на вонредната состојба и здравствените ограничувања.  

Велигденските острови досега забележале само осум позитивни случаи на Ковид-19 и ниту еден нов случај од месец септември 2020 година досега, а во текот на пандемијата немало ниту смртни случаи, стои во официјалните податоци.

Околу 73 отсто од жителите на Велигденските острови се вакцинирани против Ковид-19.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com