Европарламентот со вонредна резолуција повторно ќе бара преговори со Македонија

by Тони Зографски

Европскиот Парламент денеска на пленарна седница треба да стави вонредна резолуција со која повторно ќе побара отворање на преговорите за членство со ЕУ за Македонија и Албанија.

Вонредната резолуција доаѓа откако ЕУ не успеа да постигне консензус на последниот самит.

Според најавите, попладнево би требало да биде одржана дебата, а пратениците се очекува да им посочат на земјите членки дека Советот треба да понесе одговорност за одлуката, да се однесува согласно сопствените заложби и да се држи до принципот на сопствени заслуги во оценувањето на земјите кандидати.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com