Еве во што е тајната: Џесика Алба има 44 години, а изгледа како тинејџерка

by Тони Зографски

Кога ќе ја погледнете Џесика Алба, ретко кој би ѝ дал 43 години. Познатата актерка изгледа како тинејџерка, а како што признава и сама, тајната на нејзиниот младешки изглед се крие во секојдневната масажа на лицето. Сепак, најголемиот адут на Алба е мешавината од крема и прајмер.

Иако има многу обврски и постојано е во движење, што секако ја заморува, Алба се труди секој ден да одвои доволно време за да се посвети на закрепнувањето на кожата.

Ова често е многу тешко да се спроведе, бидејќи актерката има три деца, снима филмови, а основала и своја козметичка компанија…

Џесика пред неколку години објави видео во кое чекор по чекор го опишува начинот на кој се шминка.

– Започнувам со добра хидратантна крема. Трикот е во тоа што оваа крема ја мешам со сјаен прајмер. И пред кожата целосно да ги впие овие состојки, се масирам со масажер за лице.

Актерката на шега вели дека се работи за брз процес на подмладување.

– Вака се чувствувам како да ми се одземени 10 години од животот – вели Алба додека си го масира лицето со апарат за масажа.

Многу е важен и начинот на нанесување на пудрата.

Имено, Алба смета дека најдобро е тоа да го правите од средината на образот кон вратот.

– Мислам дека најдобар начин со „шминка“ да постигнете природен изглед е да користите тонови и бои кои одговараат на вашиот тен на кожа – заклучила Џесика Алба.

останати вести