“ДУРМО ТУРС“: Нашите возила се исправни

by Тони Зографски

Од автобуската компанија „Дурмо турс“, чиј автобус вчера се преврте кај Карпалак на автопатот Скопје-Тетово уверуваат дека нивните возила се исправни, редовно се сервисираат, и ги поседуваат сите потребни лиценци. Тие изразија сочуство до семејствата на загинатите и побрзо закрепнување на повредените. Од фирмата

„Вчерашниот кобен ден е голема трагедија за компанијата, за повредените, за семејствата на починатите и за целата држава. Немаме зборови за сочуство на загинатите и семејствата. На повредените им посакуваме брзо оздравување. Очекуваме допрва институциите да излезат со конечна анализа и истрага за причините од трагичната сообраќајна несреќ“, соопштија од „Дурмо турс“

Од министерството за транспорт кои ги издаваат потребните лиценци за работа уверуваат дека фирмата досега работела регуларно.

останати вести