ДРАМАТИЧЕН ЛЕТ: Шекеринска едвај слета од Виена за Скопје

by Тони Зографски

Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска имала проблеми синоќа да слета во Скопје, а тоа утрово го потврди и преку нејзиниот профил на Фејсбук.

„Кој рано рани, цела вечер се мачел да слета во Скопје. Како утеха – прекрасно утро“, напиша  Шекеринска.

Имено, Авионот кој летал од Виена кон Скопје се соочил со сериозни проблеми поради невремето и морал да врти неколку круга, по што бил пренасочен кон Софија.

Потоа од Софија, откако се создале услови, авионот се упатил кон Македонија и безбедно слетал на скопскиот аеродром.

останати вести