Драма на Копа Америка: Судијата колабираше на терен, голманот на Канада му помагаше

by Тони Зографски

Помошниот судија Умберто Панхох од Гватемала, доживеа топлотен удар за време на натпреварот помеѓу Перу Канада од Копа Америка.

Канаѓаните победија со 1-0, а средбата се одигра во градот Канзас во САД, и тоа на температура од 38 степени целзиусови и влажност од 60 проценти.

Линискиот судија од Гватемала колабираше при крајот на првото полувреме. Максим Крепо, голманот на Канада, веднаш притрча до него и му укажа прва помош, а набрзо пристигна и лекарската служба. Пањој бил пренесен во болница, а сите тестови покажале дека за среќа немало поголеми последици. Тој колабирал од жештините и наскоро ќе биде пуштен од болница.

Тој беше заменет со еквадорски судија и натпреварот продолжи нормално. Нема никакви последици по здравјето на судијата, тој е добар, но предизвика неколкуминутна паника.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com