Доџа Кет го изеде карминот на црвениот тепих на ВМА наградите (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Доџа Кет уште еднаш докажа дека е кралица на црвениот тепих кога станува збор за неочекувани потези.

На синоќешните МТВ ВМА наградите за 2025 година, пејачката ја шокираше публиката кога буквално го изеде својот кармин.

Пејачката се појави на црвениот тепих во впечатлив фустан од Balmain, со голема фризура и уште поголема торбичка за кармин, потпишана од Judith Leiber Couture. Нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на фотографите и медиумите.

Додека позираше за фотографии, Доџа извади кармин од чантата за да го нанесе на усните. Но, наместо вообичаеното шминкање, следеше шокантен момент – таа одгриза големо парче кармин.

Еден од новинарите подоцна ја праша каков вкус има карминот, на што таа отсечно одговори: „О, беше вкусно“.

https://twitter.com/i/status/1964810936063238257

Секако, овој необичен потег предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. „Каква кралица“, „Потег на икона“, „Девојко, зошто јадеш кармин?“ и „Ок, ова е навистина чудно“, се само дел од коментарите.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com