Докторот Дејвид Агус му го продолжил седум години животот на Стив Џобс (ФОТО)

by Тони Зографски

Докторот Дејвид Агус славата ја стекна лекувајќи го Стив Џобс, кој со помош на неговите совети живеел седум години „повеќе“ иако имал редок и тежок облик на рак на панкреасот.

Тој во едно интервју зборувал за советите кои му ги давал на Џобс.

Како и кога го запознавте Стив?
– Отприлика една година откако му беше дијагностициран ракот на панкреас. Штотуку имаше редицив на оваа болест. Јас се залагам за агресивен и иновативен пристап во лекувањето на ракот. Верувам во модерните начини на лекување и лекувањето во целина. Мислам дека тоа го импресионираше Стив.

Факт е дека Стив беше вегетаријанец. Дали тоа му помогна или го спречи во борбата против оваа болест? Што го советувавте да јаде?
– Беше вегетаријанец, но во текот на лекувањето по мој совет јадеше риба. Секогаш велам дека е подобро да се користат масти. Мастите мора да се јадат, но само оние добрите, незаситените.

По што се разликуваше Стив од другите пациенти?
– Беше неверојатно паметен и ја разбираше медицинската терминологија. Можев да разговарам со него за неговата состојба, а притоа ништо да не морам да поедноставувам или кријам.

 

останати вести