ДОДЕКА СЕ СЛИКАА: Свршеницата прво го фати Леонардо Дикаприо за газето, па потоа и мајка и (ФОТО)

by Тони Зографски

Популарниот пар Леонардо Дикаприо и Камила Морон се на одмор во Италија.  Нивни придружници се родителите на 44-годишниот актер, Џорџ и Ирмелин, како и родителите на 22-годишниот модел, Лусила и Максимо. И родителите на Лео и родителите на Камила се разведени.

Камила сподели фотографија од Рим со мајка си Лусила, а целото друштво беше видено и во Ватикан и на Езерото Комо.

Интересно е што додека мајка и ги сликаше, манекенката го фати популарниот глумец за газето, а истото се случи и кога Леонардо ги фотографираше Камила со Лусила.

 

останати вести