ПАНКИ НЕ Е ВО СКОПЈЕ: Директорот на скопската Зоолошка: “Сликата е стара“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски демантира дека Сашо Каимовски – Панки (52) од популарното дуо “Куку-Леле“, синоќа со него бил во еден локал во Скопје.

Тој во изјава за “Вечер“ вели дека сликата е стара цела една година,.

– Ова е тотална измислица на секој оној портал или тв кои ја објавија веста. Навистина стара е сликата цела една година, снимени сме на 30 декември 2018 година, а јас си ја ставив на мојот Фејсбук без да објаснувам кога е снимено, немав потреба за тоа. Не ми текна дека можат вака лошо да ја искористат! – изјавил за Вечер, Ѓорѓи Галетановски.

Инаку, Панки беше уапсен во март годинава на граничниот премин „Евзони“ при влез во Грција.

останати вести