63
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги објави најновите малопродажни цени на горивата, кои стапуваат на сила од утре.
Според одлуката на РКЕ, цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1 денар и ќе изнесува 66 денари за литар. Истовремено, екстра лесното масло за домаќинство исто така поскапува за 1 денар и ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар.
Цената на мазутот се зголемува за 0,6 денари и ќе изнесува 38,5 денари за килограм.
Цените на бензините остануваат непроменети:
ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 74,5 денари за литар,
ЕУРОСУПЕР БС-98+ останува на ниво од 76,5 денари за литар.
Од Регулаторната комисија соопштуваат дека промените се резултат на движењата на цените на нафтените деривати на светските берзи.