Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 3,84 проценти во однос на претходната одлука од 26 мај 2026 година.
Според РКЕ, намалувањето е резултат на падот на референтните цени на светските пазари, каде што бензините поевтиниле за 10,867 проценти, дизелот за 10,622 проценти, екстра лесното масло за 10,136 проценти, а мазутот за 8,238 проценти.
Од Комисијата посочуваат дека во пресметката е вклучено и намалувањето на акцизите за два денара по литар кај дизелот и бензините.
Од полноќ, односно од 00:01 часот на 2 јуни, ќе важат следните максимални малопродажни цени:
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 88 денари за литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 90 денари за литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 денари за литар
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 87,50 денари за литар
Мазут М-1 НС – 47,906 денари за килограм
Најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се намалуваат за 6,50 денари по литар.
Од друга страна, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари по литар.
Цената на мазутот е намалена за 3,238 денари по килограм. објави Скопје1.мк
