Дечко и девојка се искачија на Емпаер Стејт Билдинг, тој ја запроси на врвот, па беа уапсени (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Дечко и девојка го шокираа светот откако вчера се искачија на врвот на познатиот облакодер Емпаер Стејт Билдинг во Њујорк без никаква опрема. Откако го освоија врвот, тој ја запроси и видеото стана вистински хит на интернет.

Станува збор за Анџела Николау и Иван Биркус, кои со години се качуваат на највисоките градби во светот без јажиња, појаси или дозвола.

Тие се искачија сè до самиот врв на антената, на околу 443 метри височина, и развија црн транспарент со бели букви на кој пишуваше: „Кога моќта на љубовта ќе ја победи љубовта кон моќта, светот ќе знае за мир“. 

На врвот останаа неколку минути, а потоа се симнаа на подолната платформа, каде Иван ѝ го постави судбоносното прашање. Но, нивната радост траеше кратко, бидејќи само што се симнаа, и двајцата беа приведени од полицијата.

Анџела и Иван се во врска неколку години, а нивната опсесија стана тема на документарниот филм на Нетфликс од 2024 година „Skywalkers: A Love Story“, кој ги следеше додека се качуваа на Мердека 118 во Куала Лумпур, втората највисока зграда во светот, висока околу 679 метри.

останати вести