Девојченце од Украина го пречекува татко си кој се враќа од бојното поле (ВИДЕО

by Тони Зографски

На социјалните мрежи се шири емотивно видео од девојченце од Украина кое едвај чекало да се врати татко ѝ од бојното поле.

Девојчето е снимено од семејството како скока на прагот и го чека својот татко, а потоа возбудена му скока во прегратка.

Тато донесе и подарок.

„Се бориме за вакви моменти. На видеото девојчето го пречекува својот татко, бранител. Ајде да победиме заедно“, стои во описот на видеото објавено на официјалниот Фејсбук профил на украинската армија.

Видеото е прегледано 10.000 пати за еден час.

останати вести